Сопственикот на Твитер, Илон Маск, преку твит објави дека сака да го смени препознатливото лого на Твитер.

Пред два дена Илон Маск преку твит истакна дека наскоро ќе се збогуваме со брендот Твитер, а со тоа постепено и со сите препознатливи сини птици.

Тој потоа твитна дека „ако вечерва се предложи доволно добро лого X, утре ќе биде откриено на глобално ниво“.

Маск објави и твит на кој покажува гиф со буквата „Х“, а ексцентричниот милијардер истакна дека дефинитивно ја сака таа буква.