Во австралискиот град Мелбурн во неделата е снимена експлозија на метеор, а снимките набргу се раширија на социјалните мрежи.

BBC објави видео кое покажува блесок од пад на метеор, што дополнително придонел за романтична атмосфера за Денот на вљубените во овој австралиски град, за време на петдневните мерки за заклучување поради пандемијата.

Еден од оние кои го снимиле меторот бил Фернандо Брага, а тоа го направил од кулата Менхетн околу 22.40 часот според локално време.

Според многумина, овој настан е романтичен особено затоа што се случил на Денот на вљубените, 14 февруари.

Според австралискиот портал „9news“, Здружението на астрономи објавило дека многу веројатно станува збор за заскитан камен што кружел околу Сонцето милиони години, односно дека земјината атмосфера го привлекла и дезинтегрирала за само неколку секунди.