На Capcom, некогаш, не им пречеше нивните ликови од видео игрите да бидат голи (Resident Evil). Сега, сепак, работите се сменија.

Овој дивелопер предупреди, како што пренесува Eurogamer, дека некои од модификациите (модови) направени од самите фанови му наштетуваат на угледот на игрите.

„Модовите се популарни кај корисниците затоа што им дозволуваат да додаваат или менуваат различни работи кои веќе постојат во видеоиграта. Во повеќето случаи, тие имаат позитивни последици, но има и одредени модови кои се навреда на јавниот ред и морал“, соопшти Capcom.

„Кога овие модови ќе се рашират, имиџот на производот е нарушен, што влијае на самиот бренд“, додаде дивелоперот.

Самата изјава не прецизира на кои модови мислат кога велат дека „ја нарушуваат репутацијата“, но не е премногу тешко да се заклучи – кога ќе ги погледнете најпопуларните модови за Resident Evil на Nexus, лесно е да се види дека тоа се оние кои ги разголуваат женските ликови.