Со цел да истражат како се создаваат громовите, астронаутите од Меѓународната вселенска станица успеале да снимат од гром под станицата. Тие видеото го снимиле со помош на опремата за фотографирање громови, што се наоѓа на самата станица, пренесува Futurism.

Научниците во истражувањето објавено во магазинот Nature велат дека со помош на видеото ќе можат да истражат и како се создаваат и невремињата во стакленичките гасови низ атмосферата.

На снимката се гледа необичен феномен од сина молња, која се издигнува нагоре од облаците до највисоките делови од стратосферата.

Потоа се гледаат кругови на електрична активност што се шират од невремето кон јоносферата. Овие молњи и кругови не може да се забележат лесно бидејќи поминуваат многу бргу, а уште потешко е нивното истражување.