За оние кои сакаат да го пробаат „асистентот“ ChatGPT за одговарање на пораките на WhatsApp, ќе биде потребно малку трпение и одредено ИТ знаење.
Откако се појави ChatGPT, луѓето пронајдоа цела палета на апликации за овој тип на вештачка интелигенција. Од (повеќе или помалку) пријатни разговори на најразлични теми, до пишување статии, книги, научни текстови и слично, па сè до одговарање на СМС пораки.
Дивелоперот Даниел Грос создаде кратка Python скрипта што може да се користи за интегрирање на ChatGPT во WhatsApp. Со помош на оваа скрипта, вештачката интелигенција може да одговори на пораките во ваше име.
Со оглед на тоа дека ChatGPT досега се покажа како прилично добар соговорник, тоа значи и дека личноста од другата страна на разговорот веројатно нема да биде свесна дека разговара со вештачка интелигенција, а не со човек. Но, тоа би можело да има и други последици – односно, лицето кое го инсталира ChatGPT и го остава „асистентот“ да одговара на пораките, всушност не знае што е одговорено.
Сепак, силата на ChatGPT може да се покаже во случаи кога треба да се одговори на голем број различни прашања. На пример, на деловни сметки каде што стотици или илјадници слични прашања за компанијата и нејзините производи или услуги се појавуваат секој ден.
За оние кои сакаат да го пробаат „помошникот“ ChatGPT за одговарање на пораките на WhatsApp, ќе биде потребно малку трпение и одредено ИТ знаење.
Скриптата на Грос е на GitHub, заедно со инструкции за тоа што и како да се инсталира и работи на WhatsApp.
Сепак, треба да се напомене дека ова не е официјален додаток за WhatsApp. Ниту OpenAI ниту Meta официјално не лансираа апликација која поддржува интеграција на вештачката интелигенција со популарната апликација за пораки. Затоа, не паѓајте на „апликациите“ што се појавуваат во продавниците за апликации за паметни телефони.