Пушењето е еден од најзначајните ризик фактори за појава на одредени болести кои доведуваат до смртни последици. Статистичките податоци велат дека има околу една милијарда пушачи на планетата и дека секој шести човек пуши.Болестите предизвикани од пушењето, сепак, не се врзани за никотинот, кој како природна состојка го има во тутунот и кој е високо зависен, но некарциноген, туку со тутунскиот чад.
Со оглед на фактот дека откажувањето од цигарите оди многу тешко и покрај зголемувањето на цените и други рестриктивни мерки, многу земји се свртуваат кон стратегија за намалување на штетите од тутунот. Се работи за еден вид промоција на употреба на иновативни, помалку штетни алтернативи на цигарите. На овој начин, возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, ќе продолжат да уживаат во ритуалот кој го сакаат и во никотинот, но со многу помали штети по нивното здравје, а што може да има далекусежни позитивни ефекти по вкупното јавното здравје.
Направените истражувања говорат дека алтернативите помагаат во промените. Пушачите треба да знаат дека постои и друг начин за да престанат со консумирањето на традиционални цигари, или пак барем да ги намалат здравствените ризици на кои се изложени. Електронските уреди се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чад, туку аеросол што е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички.Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот.
Аеросолот што се генерира приконтролирано загревање на тутунот содржи околу 530 конституенти, додека во чадот генериранод конвенционалните цигари има дури 7.000 штетни хемикалии. Ова укажува на една многу важнакарактеристика на аеросолот генериран од алтернативните уреди за загревање натутунот. Овие уреди генерираат аеросол штоне содржи алтернативна палета напотенцијално штетни материи, туку едноставно подмножество на конституенти наконвенционалните цигари. Концентрациите на потенцијално штетни состојки се во најголемброј намалени за дури 90 проценти во споредба со нивната концентрација кај чадот од цигарите.
Бројните светски експерти, како и научни студии од областа на јавното здравство потврдуваат дека клучната разлика помеѓу постоењето на чад и неговата елиминација преку споменатите производи може да направи вистинска разлика во секојдневната здравствена заштита. Истражувањата на квалитетот на воздухот возатворени простории каде се употребуваат цигари и електронски уреди, покажале дека аеросолите генерираниод алтернативните тутунски производи имаат значително помало влијание врз составот на воздухот во затворени простории вокои овие производи се користат, во споредба со чадот од цигарите.
Едукацијата во овој сегмент е клучна и неоходна за подобрување на штетните навики кај луѓето кои консумираат традиционални цигари. Токму поради тоа, мора да продолжат постојните напори за обесхрабрување на луѓето од пушење и охрабрување на оние кои прават се да се откажат од цигарите. Но, дополнувањето на овие мерки, со пристапот за намалување на штетите од тутунот може да го забрза намалувањето на пушењето цигари. Ако се направат достапни и подобри алтернативи за пушењето и ако доволно пушачи се префрлат на нив, можеме побрзо да постигнеме значајна пресвртница во глобалното здравје – свет без цигари.
Технологијата за загревање што не согорува, односно електронските уреди за загревање на тутунот е препознаена од повеќе влади и јавните здравствени организации, вклучувајќи ја и американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за да помогне да се намали содржината на штетни материи, во споредба со согорувањето на тутунските производи. Филип Морис Интернешнал (ФМИ), водечката групација сопственик на овој тип технологија, која стопроцентно цели на производи без чад, ги користи овие алтернативи уреди за да ја забрза својата цел, иднина без чад.