Кога Земјата била сè уште млада планета, на неа немало многу континенти, кои во меѓувреме исчезнале, оставајќи само неколку траги зад себе. Ова го покажало најновото истражување на научниците од Универзитетот Монаш во Мелбурн.

Според нив, три континенти живееле брзо и кратко, но затоа ги имаат создадено основите за формирањето на новите постојани континенти, од кои настанале тектонски плочи.

„Резултатите на нашето истражување доведоа до заклучок дека континентите биле слаби и склони на уништување уште во нивното детство, пред четири до 4,5 милијарди години, по што постепено се менувале и станувале цврсти во наредните милијарда години, па формирале основа за модерните континенти“, изјавил Фабио Капитанио, лидерот на тимот научници од австралискиот универзитет.

Во периодот од стотината милиони години, континентите биле повеќе-помалце стабилни, но се промениле поради низата на тектонски активности, формирајќи различни облици, меѓу кои и некогашниот суперконтинент Пангеу, е наведено во истражувањето, објавено во стручното списание Nature.

Изгледот на „пазла“ континент пред неколку стотина милиони години, е сличен на денешната слагалица, но, малку информации има за тоа како изгледале тие континенти во раната историја на нашата планета.

За да се проучи тој ран период на историја, научниците користеле компјутери за да создадат слика на интеракции на карпите и магмата во земјината кора и под неа.

Научниците претпоставуваат дека температурата во внатрешноста на Земјата, била од три до четири пати поголема во раните денови, во време на Хадајк, пред Архаик.

Земјината кора во добата на Хадајк, била значително потопла, но и потенка, така што континентите лесно се разделиле и биле покриено со вулканска магма.

Новите континенти потоа настанале од магмата која ги покрила претходно потопените континенти.

До почетокот на Архаик, пред 2,5 до четири милијарди години, на крајот од Хадајка, веќе се создала основата за денешните континенти.

Во последните децении на дваесетиот век, гелозите идентификувале неколку карпи од Хадајк, на подрачјето на западниот Гренланд.