Она што е важно да се истакне е дека научниците смислиле систем кој може да се користи речиси секаде, а тој е исто толку точен како лабораториски.

Милиони луѓе ширум светот имаат проблеми со згрутчување на крвта. Некои луѓе мора да земаат лекови за разредување на крвта, за да се намалат шансите за формирање на згрутчување и потенцијалna тромбоза или мозочен удар. Други пак, поради бавното згрутчување, земаат лекови за случајно да не искрварат поради мала исеченица или повреда.

Но, за да знаат точно колку лекови треба да земаат, пациентите треба често да одат на тестови. Сепак, тие не се често достапни за многумина, поради нивните други болести или финансиски причини.

Затоа група научници од Универзитетот во Вашингтон развиле едноставно и евтино решение за тестирање на згрутчување на крвта што може да се направи дома, а само треба да имате паметен телефон со камера и мал пластичен сад.

За тестирање со помош на нивниот „домашен“ систем, доволно е да капнете една капка крв во пластичен сад и да ја ставите на држач што ќе ја држи над камерата на паметниот телефон. Потоа во садот се додаваат хемикалија за тестирање на згрутчување на крвта и мали бакарни честички. За да започнете со тестирање, доволно е да ги вклучите вибрациите на мобилниот телефон. Тие ја мешаат хемикалијата, крвта и бакарните честички, а камерата го детектира движењето на честичките. Кога движењето на честичките се забавува, тоа е знак дека крвта почнала да се згрутчува.

Она што е важно да се истакне е дека научниците смислиле систем кој може да се користи речиси секаде, а тој е исто толку точен како лабораториски.

За да докажат дека нивниот систем функционира, тие ја тестирале крвната плазма на 140 пациенти од Универзитетскиот медицински центар во Вашингтон. Тие, исто така, ја тестирале плазмата на 79 пациенти за кои знаеле дека имаат потешкотии со згрутчување на крвта. Во двата случаи, тие добиле резултати кои се многу слични на оние кои би ги добиле во лабораторија.

Пред извесно време, лекарите мораа рачно да ги протресуваат епруветите за да измерат колку е потребно за да се згрутчи. Тоа значи дека ви треба поголема количина на крв, односно не е згодно да се изведува дома, изјави еден од авторите на студијата, Шијам Голакота. Она што го докажавме е дека вибрациите на паметниот телефон можат да го направат истото, но им треба само една капка крв.

Иако нивниот систем за тестирање е сè уште во фаза на докажување, тие покажаа дека е можно да се поедностави тестирањето што вообичаено се правеше само во лаборатории.

Речиси секој паметен телефон во изминатите десет години имал вибрирачки мотор и камера. Ова значи дека речиси секој што има паметен телефон може да го користи овој систем. Се што ви треба е едноставен пластичен додаток. Нема дополнителна електроника. Ова го прави евтин и достапен за милиони луѓе, дури и кога нивните ресурси се ограничени, објасни Голакота.

Голакота и неговиот тим јавно го објавија алгоритмот што го користеа за да го пресметаат времето потребно за згрутчување на крвта и моментално ја истражуваат потенцијалната комерцијализација на овој тип на тестирање.

Извор: Zimo.hr