Научници од Природонаучниот музеј и Универзитет во Виена дојдоа до неочекувано откритие за забната глеѓ кај првобитната популација на длабокоморските акули.

Додека е познато дека забите и коските често се единствените остатоци од некогаш живите организми кои можат да опстанат милиони години, единствено е откритието на научниците во Виена дека со фосилните заби на првите ајкули од длабокоморски вид преживеале и бактериите, кои длабоко вкопани во забната глеѓ, се хранеле со остатоците од храна во вилиците на ајкулите.

Забната глеѓ им припаѓа на најтврдите органски супстанци кои можат да ги создадат организмите. Поради тоа, уште повеќе изненадува откритието на фосилни бактерии во неа. Познато е дека бактериите низ својот метаболизам ја напаѓаат забната глеѓ, што предизвикува кариес. Меѓутоа, кариесот предизвикува лезии блиску до површината на забот, додека фосилните бактерии активно продирале во забната глеѓ. Се хранеле со минимални количини на органскиот материјал складирани во тврдата глеѓ, што според научните сознанија, е можно само со сложените биохемиски процеси.

Научниците со хемиски анализи докажале дека бактериите опстанале со милиони години, бидејќи низ хемиските процеси на површините на ќелиите за себе врзале ситни глинени минерали, кои делувале како „ин ситу“ конзервации.