LG во текот на CES 2021 саемот ни даде краток увид во новиот формат на телефон на кој работи компанијата. Се работи за уред што се свиткува и се очекува да биде објавен како LG Rollable.

На прв поглед, LG Rollable остава впечаток на стандарден, правоаголен телефон. Меѓутоа, од уредот може да се извлече поголем и пофлексибилен OLED панел, со што се претвора во своевиден таблет.

LG имплементираше поинаков пристап во однос на она што го видовме од Samsung и Huawei кога станува збор за телефони со флексибилен екран. Предноста на LG Rollable моделот е во тоа што нема потреба од секундарен екстерен екран. Наместо тоа, интерфејсот (кој најверојатно ќе биде Android) може да се прилагоди, намалувајќи го или зголемувајќи го корисничкиот интерфејс и апликациите по потреба.

LG Rollable ќе има некои комплексни механички делови, за да се овозможи механизам да работи механизмот за свиткување на екранот. Компанијата сега само го навести она на што работи, а сигурно е дека конкретна демонстрација ќе пружи повеќе детали за она за што е способен LG Rollable.