Најреволуционерниот прочистувач на воздух Blueair Health Protect, за кој независните тестирања потврдија дека го елиминира живиот коронавирус (SARS-CoV-2) од воздухот, е изложен во новата концепт-продавница на овластениот дистрибутер, компанијата „Екотип“,која од денеска е отворена за посетители и нуди промотивни акции и изненадувања. Водејќи се од начелото дека чистиот воздух и вода се основно право за сите и од желбата овие две нешта да ги направи достапни за сите, во новата концепт продавница покрај водечкиот производ Blueair Health Protect, застапени се и други најиновативни светски технологии за прочистување на воздух, вода и за дезинфекција без хемикалии.
Во модерно дизајнираната концепт-продавница потрошувачите лично може да се запознаат со врвните технологии за филтрација и нивната практична примена, да го изберат најсоодветниот производ за нивните потреби и да добијат корисни совети и информации поврзани со прочистувањето на воздухот и водата.
„Акцентот на нашата концепт-продавница е ставен на личното искуство на потрошувачите. Ја замисливме како место во кое може да ги почувствуваат благодетите на чистиот воздух и чистата вода благодарение на технолошките новитети кои значително го менуваат нашиот квалитет на живот, почнувајќи од воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и средствата за чистење на просториите што ги употребуваме. Концепт-продавницата не е обично продажно место, туку центар на чистиот воздух и водакој овозможува интерактивно искуство со водечките светски технологии од оваа област“, вели Илија Андреевски, генерален директор на компанијата „Екотип“.
Дел од понудата во новата концепт-продавница се прочистувачитеза воздух на водечкиот шведски бренд Blueair кои се наменети за домот, работните простории или во автомобил, како и заменски филтри и додатоци. Тука е достапен и најиновативниот прочистувач од овој бренд, револуционерниот Blueair Health Protect, единствениот на пазарот за кој официјално е потврдено дека го елиминира коронавирусот од воздухот во затворени простории, како и дека ги уништува останатите вируси и бактерии. Просторот внатрешно е уреден со дизајнерските саксии Hobby flower, опремени со патентиран систем за наводнување кој на засадените растенија им креира идентични услови како и животната средина. Овие растенија ослободуваат поголеми количини кислород и се совршена поддршка на прочистувачите во обезбедувањето чист и квалитетен воздух во затворени простории.
Покрај прочистувачите за воздух, концепт-продавницата ги нуди најиновативните технологии за прочистување на вода Aquaporinнаправени според системот за филтрација кој постои во природата, како и брендовитеза филтрација Bluewater и FloWater. Tука се достапни и производите на брендот Tersano, уреди кои овозможуваат чистење и дезинфекција на предмети и простории без употреба на хемикалии, туку само со користење на проточна вода за пиење и озон, со кои се уништуваат сите штетни микроорганизми.
Новиот концепт-простор на компанијата „Екотип“ се наоѓа на улицата „Орце Николов“ број 202/1, во непосредна близина на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број 070 219 682.