Јапонската вселенска агенција објави дека во неделата рано наутро примиле радиски сигнал од капсулата која што ја ослободи вселенското летало „Хајабуса-2“ која што се приземјила во пустина во Јужна Австралија.

По успешно завршената мисија која што траела точно шест години, од Јапонската вселенска агенција соопштиле дека преминуваат во наредната фаза која што подразбира посвета на уште поголем број астероиди.

Капсулата која што пристигнала на Земјата содржи материјал стар 4.6 милијарди години, односно потекнува од најраното доба на настанување на нашиот Сончев систем, нагласува раководителот на проектот Макито Јошикава.

Сондата „Хајабуса-2“ која што не е поголема од фрижидер, тргнала кон астероидот пред точно шест години. На одредиштето стигнала во јуни 2018-та година, а примероци од површината на астероидот собрала на 11-ти јули минатата година.

Капсулата која што од сондата била фрлена на Земјата личела на мала огнена топка која што патува по небото над Австралија. Пристигнала во четири часот и триесет минути, по локално време.

Научниците велат дека капсулата донела околу еден грам примерок од астероидот, па иако тоа можеби звучи дека е многу малку, сепак за нив е „огромна“ количина која може да се истражува.

„Тоа ни е доволно за да добиеме одговори на некои прашања“, наведува Масаки Фуџимото, заменик генерален директор на одделението за проучување Сончев систем во Јапонската вселенска агенција.

Извор: Novosti.rs