Кога вашиот смартфон ќе ви здосади, или ќе излезе нов модел што долго сте го чекале, нема ништо необично во тоа да го продадете вашиот сегашен уред, да додадете пари, и да го купите тој што го сакате. Меѓутоа, дали знаете на кои телефони најбрзо им паѓа цената?

Компанијата Decluttr објави интересно истражување, па на основа на нивната статистика можеме да видиме на кои телефони најбргу им паѓа цената, па за некои од нив по една година можете да добиете половина од првичната цена која сте ја платиле.

Прво што може да се забележи е тоа, кога новите iPhone 12 модели ќе пристигнат на пазарот, покрај останатите iPhone уреди цената ќе падне за 15%. На годишно ниво, инаку, на iPhone моделите цената им паѓа во просек од околу 42%.

OnePlus 7 Pro, од друга страна, за една година ќе биде околу 63% поевтин од својата првична вредност.

Мобилните телефони кои чинат повеќе од 900 долари губат околу половина од својата вредност (51%) во првите шест месеци, а оние кои чинат меѓу 700 и 800 долари губат околу 56% од цената. Oние телефони кои чинат помалку од 700 долари ќе бидат околу 64% поевтини по шест месеци. По една година, вредноста на овие телефони паѓа уште неколку проценти.

Телефонот на кој најбргу му паѓа цената е OnePlus 5, кој за една година ќе изгуби 91% од својата вредност, а тука се уште и Google Pixel 2 (77%), OnePlus 6 (75%) и Google Pixel 3 (73%).

Извор: B92.net