Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, започна анкета во која бара од корисниците на Твитер да гласаат дали треба да се врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа, кој беше затворен од претходните сопственици на компанијата.
Vox Populi, Vox Dei
— Elon Musk (@elonmusk) November 19, 2022
Првите резултати од анкетата, која започна синоќа, покажуваат дека околу 60 отсто од оние што се изјасниле гласале за, пренесува „Ројтерс“.
„Vox populi vox dei“, рече Маск во објавата на Твитер, латинска изрека што значи „гласот на народот е гласот на Бога“.
Гласањето е отворено 24 часа, а новиот сопственик на Твитер во мај изјави дека ќе ја поништи „забраната на Трамп на социјалната мрежа, чиј профил беше суспендиран по немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година“.