Најмалку три компании, наводно, престанале да работат на нивните проекти за поризводство на телефони на преклоп.

Најновите гласини укажуваат дека пазарот на телефони со преклоп, кој во еден момент го претставуваше следниот чекор во иновативноста на паметните телефони, сега е потресен.

Како што сугерира дојавувачот Digital Chat Station (DCS), најмалку три големи производители го прекинаа или значително го одложија производството и развојот на нивните виткачки телефони.

DCS известува дека еден од петте најдобри производители на телефони во светот целосно ги стопирал своите проекти во областа на флексибилните уреди. Покрај тоа, две компании го паузираа развојот на нивните телефони со преклопување.

Причината за прекинот на овие проекти се уште не е јасна, а дојавувачот директно не ги објави инволвираните производители и брендови.

Во моментов, на пазарот за свитливи телефони доминираат производители на Android. Samsung го држи најголемиот удел на пазарот и наводно моментално работи на следната верзија на своите телефони на преклопување од серијата Z, вклучувајќи и модел со тројно преклопување.

Huawei, исто така, наводно развива телефон што се преклопува тројно. Oppo и Vivo ги претставуваат другите големи производители во оваа област, а во претходните години објавија неколку верзии на нивните уреди на преклоп.

Сепак, неодамнешните извештаи сугерираат дека Oppo и Vivo можеби решиле да се повлечат од пазарот на свитливи телефони. Причината за ова може да биде значителен пад на нивниот пазарен удел во текот на претходната година.

Сепак, засега нема официјални најави од двата бренда за оваа работа, па во моментов се работи само за гласини.

Доколку гласините се покажат како вистинити, OnePlus исто така би можел да биде во неволја, бидејќи плановите на компанијата за свитливи телефони во голема мера се потпираат на Oppo.

Според извештаите, Apple се соочува и со предизвици во производството на својот флексибилен модел на iPhone, а тие се поврзани со проблеми со чувствителниот екран.