Внимателно одржувајте го преносниот компјутер за да го продолжите неговиот рок на траење.

1. Избегнувајте прегрејување на процесорот

Високите температури се смртни непријатели на вашиот лаптоп. Ако дозволите да се прегрее, ќе ги загрозите чувствителните компнонетни како што се процесорот, вентилаторот и батеријата. Не оставајте го на меки површини затоа што на таков начин се блокира одводот за воздух, па се отежнува ладењето.

2. Не ја празнете батеријата до крај

Батериите на преносните компјутери не се вечни, после неколку години нивниот капацитет ослабнува. Најдобро е батеријата да ја испразните до 40% а да ја полните до 80%.

3. Внимавајте на струјниот напон

Лаптопите се чувствителни на наглите промени на напон. Повеќето имаат некаква заштита, но најдобро е да се користи преднапонска заштита.

4. Внимавајте со што го чистите

Не користете мокра крпа или било какви средства за чистење. Најдобро е да се употреби сува крпа, без никакви течности.