Американската компанија Rockstar Games повторно го одложи објавувањето на долгоочекуваната видео игра GTA VI, која првично беше планирана за 26 мај следната година, на 19 ноември 2026 година.

„Жалиме што го продолживме времето на чекање, но овие дополнителни месеци ќе ни овозможат да ја завршиме играта на нивото што го очекувате и заслужувате“, се вели во соопштението на компанијата на социјалната мрежа X.

Претходната игра, GTA V, беше објавена во септември 2013 година, па фановите на франшизата ќе дочекаат продолжение по повеќе од 13 години.

Американската компанија за ризичен капитал Convoy претходно процени дека видео играта GTA VI ќе генерира приходи од дури 7,6 милијарди долари за само два месеци по нејзиното објавување, што би ги надминало без преседан сите претходни рекорди во гејминг индустријата.

Според анализа објавена на профилот на LinkedIn на партнер во Convoy, се очекува Rockstar Games да продаде 85 милиони примероци од својата нова видео игра GTA VI во првите 60 дена по просечна цена од 80 долари.

Оваа проценка ги вклучува и очекуваните приходи од програмата за претплата на GTA Plus, објавува Insider Gaming.