Како што се приближувa 2021 година кон крај, полека се сведуваат сметките и се креираат листите со најважните теми во ИТ индустријата.

Компанијата SensorTower ја објави својата годишна анализа, која покажува колку корисниците потрошиле на мобилни апликации. Извештајот покажува јасна слика – корисниците на Android и iOS потрошиле многу повеќе пари на апликации оваа година отколку во 2020 година.

Вкупно 133 милијарди долари беа потрошени за мобилни апликации во 2021 година, околу 20 проценти повеќе од она што беше потрошено во 2020 година (околу 111,1 милијарди долари). Податоците за трошењето на апликациите се засноваат на проектираните трошоци помеѓу 1 јануари и 31 декември 2021 година.

Продавницата за апликации на Apple сè уште има најголем дел од оваа потрошувачка, при што корисниците потрошиле 85,1 милијарди долари (17,7 проценти повеќе од минатата година) во оваа продавница.

Кога станува збор за Google Play Store, оваа продавница заработила 47,9 милијарди долари од купување апликации во текот на изминатата година (23,5 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година).

Моментно App Store генерира 1,8 пати повеќе приходи од Play Store, и покрај тоа што Google Play има инсталирани 11,3 милијарди апликации, додека AppStore има само 32,3 милијарди инсталирани.

Најпреземана апликација е TikTok, а потоа следуваат Facebook, Instagram, WhatsApp, Facebook Messenger, како и Telegram, Snapchat, Zoom, CapCut и Spotify.

Извор: B92.net