Студија објавена во списанието Astrophysical Journal открива дека не само Земјата, туку дека целата вселена станува сè потопла. Според студијата, за 10 пати е зголемена средната температура на гасови во вселената. Достигната е температура од 2 милиони степени Целзиусови.

Новите мерки ги потврдил и Џејмс Пиблс, добитник на Нобелова награда за физика во 2019 година.

„Како што еволуира вселената, гравитацијата црпи темна материја и гасови од вселената во галаксии и делови од галаксии“, објаснува Ји-Куан Чианг од Државниот универзитет во Охајо, кој објаснува дека таквото привлекување е толку силно, што сè повеќе загрева гасови.

Овие податоци откриле како го следат формирањето на структурата на вселената, така ја проверуваат температурата во вселената.

Истражувачите користеле нов метод кој им овозможува да ја проценат температурата на гасови подалеку од Земјата и да ја споредат температурата од минатото, од пред 10 милијарди години, со онаа температура сега од гасовите кои се во близина на Земјата.

Тие потврдиле дека како минува времето, вселената се загрева поради гравитациониот колапс на структурата на универзумот, а се претпоставува дека ваквото загревање ќе продолжи и во иднина.

За да разберат подобро како температурата на вселената со време се менува, истражувачите користеле податоци за светлината во вселената, собрани во две мисии, „Planck” и „Sloan Digital Survey”.

„Planck” е мисија на Европската вселенска агенција, која делува во соработка со НАСА, додека „Sloan“ собира и прави детални слики и спектри на светлината од вселената.

Тие ги комбинирале двете мисии и ја процениле оддалеченоста на топлите гасови. Ги мереле користејќи „црвена промена“, термин што го користат астрофизичарите за проценка на староста на вселената, во која набљудуваат оддалечени објекти.

Црвената промена името го добила според начинот на кој се продолжува должината на брановите на светлината. Колку некој објект е подалеку во вселената, неговата бранова должина е поголема, пишува Tportal.

Концептот на црвената промена функционира на таков начин што кога ја гледаме светлината на објектите, оддалечени од Земјата, астрофизичарите знаат дека таа е постара од светлината која ја даваат оние објекти кои се поблиску до нас.

Светлината на оддалечените предмети патува повеќе време за да стигне до нас. Тој факт, заедно со методот за проценка на температурата на светлината, им овозможува на истражувачите да ја измерат средната температура на гасови на објектите кои се блиску и оние поодалечените.

Тие можат да ја измерат средната вредност на температурата на гасови од минатото и да ја споредат со средната температура на сегашните гасови кои се блиску со Земјата.

Истражувачите откриле дека тие гасови во вселената достигнуваат температура од околу два милиони степени Целзиусови, околу објектите кои се наоѓаат во близина на Земјата. Тоа е 10 пати повеќе од температурата на гасови кои се оддалечени од Земјата и кои ја покажуваат температурата од минатото.

Вселената се загрева поради природниот процес на создавање галаксии и структура. Не е поврзано со зголеменото затоплување на Земјата.

„Овие феномени се случуваат на многу различни делови од вселената и воопшто не се поврзани“, вели Ченг.