Лансирањето на серијата iPhone 15 не помина толку глатко како што мислеше Apple, при што корисниците се соочија со мноштво проблеми кои се движат од проблеми со изгорување на екранот до прегревање на телефоните без причина (иако некои од нив веќе се поправени).

Сепак, покрај ова, многу корисници на iPhone 15 пишуваат на форумите дека и по ажурирањето на iOS 17.1, проблемите со Wi-Fi мрежата опстојуваат.

Сè започна пред две недели, кога сè повеќе корисници на iPhone 15 почнаа да пријавуваат проблеми со Wi-Fi конекцијата, како што е неможноста за вчитување содржина и бавниот пренос. Фрустрирани од проблемот, корисниците се обратија до заедницата на Apple на платформи како Reddit за да видат дали се планира поправка.

Еден корисник рече дека „многу е разочарувачки што овој проблем не е решен со iOS 17.1“.

„Го дадов мојот iPhone 13 Pro на роднина, па не можам да се вратам на него. Ќе патувам во текот на зимата и ќе бидам на пат шест месеци, а многу се загрижувам дека не би можел да го користам мојот нов телефон додека сум на пат“, напиша тој, пренесува Android Headlines.

Фактот дека iPhone 15 не може да вчита содржина додека другите уреди на истата мрежа работат добро, и се чини дека не функционираат никакви решенија како што е префрлањето на опсегот 2.4G, ја прави ситуацијата уште полоша.

Компанијата Apple, за разлика од проблемот со прегревањето кој го „признаа“, не се ни огласи во оваа прилика, па прашање е дали преземаат нешто за да го санираат.