Новинарот на германскиот магазин „Штерн“ (Stern) Гернот Крампер високо ја оцени новата генерација автомобили Lada Niva.

Иако застарен, овој модел е вистинска легенда и најзначајното теренско возило на светскиот пазар на автомобили, истакнува експертот.

„Секој пат кога треба да се запне во шума и планина, руската кола се издвојува од останатите поради стабилноста и ниската цена“, истакнува Крампер.

Цената на возилото ќе остане во истиот ранг, кој е достапен за просечниот купувач, и поради тоа за овој автомобил се отвораат големи перспективи на пазарот. Новата „Лада“ е идеална за екстремни услови, затоа што има „голем клиренс, краток од на рачката на менувачот и силна конструкција“, заклучува тој.

Неодамна рускиот автомобилски концерн „АвтоВАЗ“ го најави модернизираното возило Lada Niva кое ќе се појави во продажба 2023 година. Како што соопштува „Федералната новинска агенција“, планирано е возилото да се продава и во Русија и во странство.

Извор: Russia Beyond