Microsoft неодамна објави ново ажурирање за Windows 10, а деновиве корисниците известуваат дека тоа предизвикува многу проблеми.
Корисниците на Windows 10 се соочуваат со различни проблеми по најновата надградба на овој оперативен систем. Станува збор за ажурирање со број KB5026361 за мај годинава, кое беше објавено пред неколку недели.
Најголемите проблеми се однесуваат на „паѓањето“ на компјутерот и извештаите за Blue Screen of Death (BSoD) што се појавуваат по ажурирањата.
Некои од тие BSoD пристигнуваат со грешка „Process1 Initialization Failed“, а Neowin известува дека тоа се случува затоа што датотеката Bootcat.cache е оштетена.
Другите корисници на Windows 10 се соочуваат со проблем што звучи познато – неуспех да се инсталираат ажурирања. Овој проблем е придружен со бесмислени кодови, како што е 0x800f0922.
Покрај тоа, корисниците истакнуваат дека поставките на глувчето се ресетираат по ажурирањето. На Reddit, корисниците исто така известуваат дека Wi-Fi на нивниот лаптоп не работи и Task Bar-от не реагира по ажурирањето.
Microsoft не може да ги реши проблемите со кумулативното ажурирање, бидејќи истите проблеми ги имаше и Windows 11.
Се очекува американската компанија наскоро да ги истражи овие проблеми и да ги реши, иако во последно време се чини дека Microsoft е многу повеќе фокусиран на Windows 11, што од друга страна не е неочекувано.
Ќе ве потсетиме, Microsoft неодамна изјави дека ажурирањето 22H2 ќе биде последното ажурирање на функции за оперативниот систем Windows 10. Како што е наведено од американската компанија, сите верзии на Windows 10, вклучувајќи ги Home, Pro, Enterprise, Education, Pro Education, WorkStation Pro и IoT Enterprise, ќе ја прекинат поддршката на 14 октомври 2025 година.