Со цел најдобро да ги претстави можностите на PlayStation 5 конзолата преку промотивно видео, Sony го стори тоа на свој начин и во две и пол минути ги покажа сите предности на новата конзола.

Веќе претходно опишавме кои се предностите на PlayStation 5 однос на неговиот претходник, но и на другите конзоли што моментално се достапни на пазарот. Сепак, по долго време, Sony го направи тоа на свој начин и моќниот процес, графика и брзина на запишувањe/читање од SSD дискот, во комбинација со софтверот и хардверските можности, ги спакува во 2:38 минути.

„Play like never before“ видео-спотот почнува со презентација на моќниот SSD и комбинацијата која се добива со CPU и GPU чиповите. Адаптивните тригери, деталите на џојстикот и вибрацијата се претставени во следните неколку секунди, а потоа компанијата си ги пофали и своите додатоци, како што се слушалките, кои овозможуваат 3D звук и VR очилата, камерите…

Пред крајот на видеото, вниманието е свртено кон играњето од 30 до 120 фрејма во секунда и можностите на графичкиот процесор, како што се 4К резолуцијата, HDR, а сето тоа го ладни моќниот ладилник.

Sony на крајот порача дека се достапни повеќе од 4000 PS4 и PS5 игри, кои моментно можат да се играат.