Сезоната 5 од видео играта Call of Duty ќе ја добие рап-кралицата Ники Минаж, која ќе биде првиот женски лик што може да се игра (Operator), објави издавачот Activision минатата недела.

Неколку познати личности од реалниот живот се појавија во франшизни игри во текот на годините, вклучувајќи го фудбалскиот великан Лионел Меси и кошаркарската легенда Кевин Дурант.

Но, единствените жени кои се појавија како оператори беа измислени – додека Ники не се здружи со брендот. Таа ќе се појави како оператор во Warzone и Modern Warfare II во чест на „50 Years of Hip Hop Celebration“ на CoD со хитмејкерите Снуп Дог, кој претходно беше партнер со брендот, и 21 Savage, пренесува HuffPost.

CoD веќе ги предупреди играчите во соопштението за печатот дека раперката нема да се појави како Chill Nicki, туку како Red Ruby Da Sleeze, еден вид наклон на хитот на раперката од почетокот на оваа година, во кој таа ветува дека ќе им ги „разнесе лицето“ на непријателите.

Почна дискусија на некогашниот Твитер

Официјалната Твитер страница на Call of Duty, односно X, покажа тизер од изгледот на Минаж во играта, со розова коса и голем неонски розов пиштол. Развивачот на играта рече во соопштението за печатот дека Минаж ќе има своја продавница полна со добри работи во сезоната 5 на Warzone и Modern Warfare 2, која најверојатно ќе ја вклучува гореспоменатата Барби Пинк пушка.

Откако на Твитер се појави веста за вмешаноста на Минаж во играта, многу луѓе се огласија. Додека некои едвај чекаат, други се чини дека не го одобруваат. „Ајде, розова коса и пиштол!“, „Ќе играме“, „Неверојатно! Врв. Сè што баравме! Барбз подготвен да пука“, „Кралица Барбз“, „Изгледа дека е време да почнам да играме“, „Мораме да го видиме комплетниот аутфит“, гласат коментарите на возбудените.

„Што е поентата на ова“, „Зошто?“, „Никој не го побара ова“, „Официјално ја деинсталирам оваа игра“, „Одлично, бидејќи она што и треба на секоја воена зона е поп-ѕвезда со розов пиштол“, гласат негативните коментари.