Веќе четири години Huawei е во големи проблеми кога е во прашање бизнисот со паметни телефони на светскиот пазар. Меѓутоа, во Кина ситуацијата е поинаква, а тоа го потврдуваат и информациите за продажба на серијата Huawei Mate 60.

Huawei Mate 60 и Huawei Mate 60 Pro беа претставени неодамна, без претходна најава. Телефоните беа пуштени во продажба на 29 август, а за пет дена од продажбата беа распродадени околу 800.000 модели на Huawei Mate 60. За жал, не е откриено кој модел е најпродаван, но претпоставката е дека се работи за моделот Pro.

Засега не е познато дали серијата Mate 60 ќе стигне на светскиот пазар.

Овој паметен телефон доаѓа со поддршка за сателитско поврзување и не само за СМС, туку и за повикување, што е голем чекор напред. Дополнително, едно од најголемите подобрувања што дојде со овој телефон е чипот Kirin 9000S 5G. Тоа е првиот чип од високата класа на Huawei откако компанијата беше погодена од американските санкции пред четири години. Чипот доаѓа со Maleon 910 GPU.

На задната страна, уредот содржи модул со три камери. Станува збор за кружен модул во чиј прстен има сензор за главната камера од 50 MP со поддршка за OIS, 12 MP ултра широк сензор и телефото сензор од 48 MP со поддршка за OIS. Овој последен сензор поддржува оптички зум од 3,5x и дигитален зум од 100x. Задната камера доаѓа со променлива решетка.

Системот за обработка на фотографии XMAGE поддржува Super Night Mode, Super Macro, Macro PiP, Pro Mode, Slow Motion, Multi Camera и AI фото режим. Дополнително, вклучува и 4D адаптивно следење на фокусот, така што сликите не се заматени.