FCC сајтот за сертификација во својата база го наведе новиот таблет Samsung Galaxy Tab (SM-T225). Истиот модел претходно беше забележан и на Geekbench, со Helio P22T чипсет, 3GB RAM и Android 11.

Судејќи според гласините, ова би требало да биде претстојниот Galaxy Tab A7 Lite со 8.7-инчен екран, а објавата на таблет уредот се очекува во текот на летото.

FCC листингот открива и скица на уредот, која се поклопува со рендерите претходно објавени на Twitter. Скицата потврдува и присуство на приклучок за слушаки покрај USB-C портот. Тука е и потврдата дека SM-T225 има поддршка за dual-band Wi-Fi, Bluetooth и LTE конекции.

Придржниот TUV Rheinland листинг укажува на 5100mAh батерија (модел со ознака HQ-3565S) и 15W полнач, кој пристигнува во пакет со таблетот.