Најновиот лаптоп на компанијата Xiaomi е наменет за корисниците кои учат или работат од дома во време на пандемијата на коронавирусот. Во прашање е „полесна“ верзија на Mi Notebook 14 моделот и го носи името Mi Notebook 14 e-learning edition.

Куќиштето на лаптопот е креирано од алуминиум, со тежина од 1,5 кг, со дебелина од 18 мм. Уредот го покренува Intel Core i3-10110U (2.1GHz двојадрен, со boost до 4.1GHz) CPU од 10. генерација, со интегрирана UHD графика 620 GPU. На полето на меморијата се достапни 8GB DDR4 RAM и 256GB SATA SSD.

Mi Notebook 14 e-learning edition има 14-инчен IPS LCD панел, со камера поставена во горната рамка. Батеријата со капацитет 46Wh, нуди околу 10 часа работа во нормални услови и поддржува брзо полнење.