Првиот телефон со тројно преклопување на јужнокорејскиот гигант ќе има врвен хардвер.

Samsung се подготвува да го претстави својот прв троен преклопен телефон, а новите протечени детали откриваат што можеме да очекуваме од уникатниот уред што се преклопува на три дела.

Според информациите споделени од добро познатиот „протекувач“ @PandaFlashPro, три-fold уредот на Samsung ќе дојде со тело направено од титаниум и алуминиум, што треба да обезбеди дополнителна цврстина и издржливост. Уредот ќе биде напојуван од најновиот чип Snapdragon 8 Gen 3 „Elite“, заедно со до 16 GB RAM меморија, што го става на врвот кога станува збор за перформанси.

Интересно е што телефонот нема да има камера под екранот, што е опција што ја нудеа некои претходни модели. Наместо тоа, ќе користи класична селфи камера со отвор на екранот.

Батеријата ќе има капацитет од околу 4.400 mAh, но нема да ја користи новата технологија на силициум-јаглеродни ќелии, туку стандардна литиум-јонска.

Samsung планира да го претстави новиот модел на настанот Galaxy Unpacked закажан за 9 јули во Њујорк. Сепак, според извештаите, овој телефон нема да биде достапен за купување веднаш – комерцијалниот почеток на продажбата се очекува дури на есен, прво на пазарите во Јужна Кореја и Кина.

Проценките сугерираат дека цената на телефонот би можела да достигне до 2.800 долари, што јасно покажува дека станува збор за уред наменет за премиум сегментот на пазарот.

Заедно со овој модел, на настанот треба да бидат претставени и Galaxy Z Fold 7, Z Flip 7, како и новата серија паметни часовници Galaxy Watch 8.