Се појавија нови претпоставки за периодот на излегување на новиот iPhone SE модел, со поддршка за 5G.
Со моделот iPhone SE, Apple сака да лансира поевтина верзија на својот телефон за сите оние кои не сакаат да плаќаат премиум цена за класичните модели.
Сепак, за да постигне пониска цена, Apple мораше да направи некои компромиси и да изостави одредени карактеристики од поевтината iPhone линија. Ова вклучува поддршка за 5G, што недостасува во актулениот модел на iPhone SE од 2020 година.
Ова, според наводите, ќе се промени годинава. Марк Гурман од Bloomberg тврди дека Apple ќе претстави 5G модел на iPhone SE за време на медиумски настан што ќе се одржи во март.
Apple обично е домаќин на неколку настани во текот на годината, претставувајќи нови производи, софтвер или услуги. Првиот од нив обично се одржува во текот на март или април.
Според гласините, iPhone SE за 2022 година ќе го задржи истиот дизајн како и претходните SE модели и ќе добие помала надградба на процесорот, повеќе RAM меморија, подобра камера и поддршка за 5G.