Huawei на 22. октомври ќе ја претстави Mate 40 серијата смартфони, а сега е објавен примерок од фотографија креиран со камерата на Mate 40 Pro моделот. Фотографијата навестува дека можностите на камерата ќе бидат една од главните продажни карактеристики на Mate 40 линијата.

Фотографијата ја објави Хе Ганг, шеф на смартфон одделението на Huawei, на својот Weibo профил. Фотографијата ја прикажува месечината на дневно светло, откривајќи импресивни детали на површината на месечината.

Huawei е една од првите компании кои го промовираа и популаризираа креирањето на фотографии од месечината и го направија ова свеовиден бенчмарк на способностите на зумирањето на телефонот.

Се очекува дека главната камера на Mate 40 Pro ќе има 50MP сензор, како и можен 7680 fps мод, што може да креира ultra-slow-mo видео во 1080p резолуција.