Honor ги претстави своите први TWS слушалки откако компанијата стана независна од Huawei, а моделот го носи името Honor Earbuds 2 SE.
Earbuds 2 SE имаат in-ear дизајн, нудат поддршка за активно поништување на бучавата (ANC), благодарение на два доделена микрофони. Кога не се користат за поништување на вревата, микрофоните овозможуваат режим за амбиентален звук.
Слушалките користат 10mm драјвери, а Honor истакнува дека со едно полнење можат да траат до 10 часа (седум и пол со ANC), а дополнителните 22 часа се достапни преку футролата за полнење. Секоја од слушалките има вградена 55mAh батерија, додека футролата има 410mAh.
Honor Eabuds SE 2 се нудат во црна и бела боја, а во Кина се продаваат по цена од околу 60 евра.