Веќе научивме многу за серијата телефони на Samsung Galaxy S23, а сега имаме живописни фотографии кои ни даваат подобар увид во изгледот на уредот.

Серијата на телефони Galaxy S23 треба да се состои од моделите Galaxy S23, Galaxy S23+ и Galaxy S23 Ultra, а се очекува да бидат претставени во текот на февруари.

Веќе имавме можност да ги видиме телефоните на протечените фотографии, а сега имаме нови рендери кои ги прикажуваат стандардните и Ultra моделите во различни бои.

Повеќе фотографии, во подобра резолуција, можете да видите овде.

Galaxy S23 и S23+ ќе изгледаат слично – и двата модели имаат три камери на задната страна, поставени вертикално во левиот агол. Задниот панел исто така има брендирање Samsung на дното, а копчињата за вклучување и јачина на звук се видливи на десната страна на рамката.

Galaxy S23 Ultra пристигнува со малку повеќе квадратно куќиште и има систем на камера распореден во форма „P“. Дополнителните детали за линијата на антената покажуваат дека овој модел ќе користи метална рамка.

Samsung допрва треба официјално да објави нешто за линијата Galaxy S23, но можеби ќе имаме повеќе информации како што се приближуваме до најавата за телефоните во февруари.