Новата студија за коронавирусот утврди дека кај 77 проценти од заболените од Ковид-19, со тестирање е воочен делумен или целосен губиток на сетилото за мирис.

Ненси Ревсон, биолог и потпретседателка на „Monell Chemical Senses Center“, смета дека би било подобро на вработените да им се мери способноста за чувство на мирис за да се утврди дали личноста треба да оди на тестирање за коронавирус, отколку мерење телесна температура, што повеќето компании го практикуваат.

Новата анализа покажала дека дури 77 отсто од тестираните луѓе имале недостаток на сетило за мирис. Од нив, дури 44 отсто биле свесни дека немаат чувство за мирис.

„Губењето на сетилото за мирис заедно со воспаление на грлото исто така се едни од најраните симптми за коронавирус кај човекот“, вели Ревсон.

„Тој е еден од најраните симптоми и секако пред зголемената телесна температура“, вели таа.

„Губењето на сетилото за мирис сам по себе ја предвидува дијагнозата пред зголемената телесна температура. Губењето вкус исто така може да се случи, но е помалку чест и често поврзан со губењето мирис“.

Во текот на пандемијата околу 750.000 Американци би можеле да останат без сетилото за мирис, а тоа би имало влијание на нивната сигурност и квалитет на животот.

Таа вели дека веќе еден месец секоја вечер го тестира сетилото за мирис на себе.

Тестот се состои од три ленти, од кои две немаат никаков мирис, а третата содржи мирис на кафе, чоколадо, пуканки или пак плин.

За оние кои што сакаат сами дома да го тестираат својот мирис, Ревсон цели дека треба да помирисаат производи, како што се: кафе, парфем, босилок, рузмарин, паста за заби со мирис на ментол, ружа.

Извор: Zimo.hr