Жителите на Америка, кои живеат на североистокот на земјата, во неделата вечерта забележале огромна огнена топка на небото. Некои од нив ја снимија со камерите на мобилните телефони, а снимките ги споделија на социјалните мрежи.

Огнената топка главно е видена над подрачјето на Њујорк и Конектикат, но извештаи пристигнале од целиот регион, е наведено од Американското друштво за метеори.

Оваа непрофитна организација соопштила дека примила повеќе од 280 извештаи од луѓе, вклучувајќи ги и оние во Масачусетс, Делавер, Њу Хемпшир, Роуд Ајленд, Вермонт и други.