Задржувањето на вредноста на автомобилот зависи не само од моделот на самиот автомобил, туку и од неговата боја. Еве ги боите со кои автомобилите најмалку губат во вредност…
Иако највообичаен избор на купувачите на нов автомобил е една од неутралните бои, на пример, црна, сива, сребрена или бела, всушност ја уништува вредноста на подоцнежната продажба. Една неодамнешна студија потврдува дека автомобилите со светли бои значително подобро држат цена на пазарот на користени возила.
Жолт автомобил по три години вреди дури 13,8 проценти повеќе од истиот сребрен модел. Црвената боја вреди 12,2 проценти повеќе, но неверојатен факт е дека секој беж модел вреди дури 27,6 проценти повеќе од просекот.
Најголема загуба на вредност ќе почувствувате ако купите автомобил со виолетова боја, бидејќи по три години тој ќе вреди 8,9 проценти помалку од просекот, додека во случајот со златната боја, вредноста ќе се намали за 6,1 проценти.
Извор: Додај Гас