Њујоршка адвокатска компанија предала тужба против авторите на видео играта Cyberpunk 2077 односно студиото CD Projekt Red поради проблеми во врска со видео играта и наводното кршење на федералниот закон.
Како што се наведува во соопштението за медиуми, Rosen Law Firm ја предал тужбата во име на акционерите на CD Projekt Red во која се бара отштета според федералниот закон.
Во оваа тужба тие тврдат дека студиото „намерно давало лажни или нецелосни изјави“ како и дека „намерно го криеле фактот дека Cyberpunk 2077 е практично неигрива за сегашната генерација на Xbox и PlayStation“поради лошата оптимизација и големата количина на грешки во играта“.
Како одговор на бројните проблеми и „нејасната комуникација“ кои го одбележаа излегувањето на видео играта, Sony ја отстрани Cyberpunk 2077 од PS Store а потоа беше приморан да понуди и поврта на парите на сите купувачи.
Во тужбата се тврди дека како резултат на горенаведеното, CD Projekt Red претрпел репутациска и материјална штета и дека „нивните изјави за делувањето, операциите и ресурсите со кои располагаат биле лажни и двосмислени и/или воопшто немале разумна основа“.
Кога вистинитите детали биле обелоденети на пазарот по излегувањето на играта, тужбата тврди дека тогаш инвеститорите претрпеле штета.
Оваа вест доаѓа по претходниот извештај за тоа дека адвокатите и инвеститорите во Варшава, Полска – од каде потекнува CD Projekt S.A. ја испитуваат ситуацијата и размислуваат дали ќе преземат нешто околу случајот.
Извор: B92.net