Во Брисел, од 1 јануари брзината за моторните возила е ограничена на само 30 километри на час

Градската управа објави на Брисел објави дека новото сообраќајно правило ќе важи за сите делови на градот (освен неколку патишта), а со цел да се помогне во намалување на бројот на несреќи и зголемување на безбедноста на патиштата.

Мислењата на граѓаните секако се разликуваат по ова прашање. Некои сметаат дека тоа е подобра опција особено за безбедноста на децата, додека некои сметаат дека ограничувањето е претерано да се применува во сите делови на градот.

Со цел почитување на новиот пропис, засилени се контролите низ градот, а поставени се и специјални камери.

Повеќето прекршители ќе мора да платат парична казна, а оние кои ќе ги прекршат прописите неколку пати ќе им биде одземено возилото (во некои случаи).

Извор: Додај Гас