Озонската дупка над Антарктикот е една од најголемите и најдлабоките во последните години, а анализите покажаа дека постигнала максимална големина, предупредија научниците од Службата за надзор на атмосферата Коперникус (Copernicus Atmosphere Monitoring Service).

Озонската обвивка во горниот дел од Земјината атмосфера го апсорбира ултравиолетовото зрачење на од Сонцето кое во спротивно би било штетно за животот на нашата планета, пишува Индепендент.

Според податоците на коперникус, концентрациите на стратосферскиот озон паднале на речиси нулта вредност над Антарктикот на надморска височина од околу 20-25 км.

Поларен вртлог

Стручњаците од Коперникус појаснија дека тоа што го покренало ширењето на озонската дупка овој пат бил стабилен и студен поларен врлог, постојано подрачје на низок воздушен притисок, кој обично се наоѓа зад работ на големиот глечер Рос, на кој температурите може да паднат и до минус 80 степени Целзиусови.

Ја повикаа меѓународната заедница да преземе поголеми напори за да се осигура дека земјите го почитуваат меѓународниот договор за укинување на употреба на хемикалии кои го уништуваат озонот, лкако на пример хлорофлуоројаглеродот.

Истакнаа дека оваа озонска дупка е меѓу најголемите во последните 15 години. Истенчувањето на озонската дупка над арктичкиот континент прв пат е забележано во 1985 година.

„Постои голема варијабилност во тоа на кој начин озонските дупки се развиваат секоја година. Озонската дупка во 2020 наликува на онаа во 2018 година, која беше доста голема, но оваа дефинитивно е една од најголемите во последните 15 години“, вели Винсент Хенри Печ, шефот на службата за надзор на атмосферата Коперникус.

Дали ќе се подобри?

„Со враќањето на сончевата светлина на јужниот пол во последните седмици, забележавме континуирано уништување на озонот над тоа подрачје. По невообичаено малите и краткотрајни озонски дупки во 2019 година, чие настанување го поттикнаа метеоролошките услови, и оваа година регистриравме прилично голема озонска дупка. Тоа нѐ потсетува дека мора да продолжиме со спроведување на Монтреалскиот протокол за забрана на емисијата на супстанци кои ја уништуваат озонската обвивка“, предупреди Печ.

Портпаролката на Светската метеоролошка организација Клер Нулис потсети дека озонската дупка почнува да се шири секоја година во август, со почетокот на антарктичкарта пролет и го достигнува својот врв во октомври.

Коперникус е програма на Европската Унија за набљудување на Земјата, односно нашата планета и нејзината околина, за крајна добробит на сите евроспки граѓани.

Во рамките на оваа програма се нудат информациски услуги кои се темелат на набљудување на Земјата од сателит и на несвемирски податоци.