Вакцината против коронавирусот на универзитетот Оксфорд и компанијата AstraZeneca дава резултати кај постари и помлади лица, покажаа најновите истражувања објавени денеска.

Британскиот производител на лекови AstraZeneca, кој учествува во развојот на вакцината, објави дека ова откритие може да ја „смени играта“ во борбата против коронавирусот.

– Охрабрувачки е да се види таков силен имунолошки одговор кај млади и стари луѓе. Кај најстарите граѓани, успешноста беше малку пониска, но тие спаѓаат во најризичната група, изјави денеска портпарол на AstraZeneca.

И покрај фактот дека истражувањето сè уште не е достапно за јавноста, Оксфорд издаде соопштение, кое предизвика радост кај нацијата, коментира Daily Mail.

Излегува дека најдобриот имунолошки одговор против COVID-19 го развиле постари лица, а студијата покажала дека вакцината предизвикала создавање на антитела и Т-клетки, кои се клучни во борбата против COVID-19, особено кај луѓето постари од 55 години.

Претходните истражувања покажаа дека вакцината дава добар имунолошки одговор кај помладите луѓе.

Daily Mail додава дека ова откритие не гарантира дека вакцината ќе спречи ширење на COVID-19, но тоа е најдоброто нешто што досега се појави во Обединетото Кралство и секако ги зголемува шансите за одбрана од коронавирусот.

Вакцината е во третата фаза, волонтерите добија доза и сега чекаат некој од нив да се зарази случајно, за да се провери дали вакцината е навистина ефикасна.

Ако сè оди како што треба, вакцината би можела да биде достапна за јавноста во пролет 2021 година.

Министерот за здравство Мет Хенкок денеска одби да каже дали најризичните групи ќе примат вакцини пред Божик.