DOOM како што игравме во 1990-тите, дури и за 2022 година, изгледа неверојатно – причината е ray tracing.
Модер, кој претходно додаде ray tracing на игри како што се Half-Life и Serious Sam: The First Encounter, сега ја имплементира оваа функција и во оригиналниот DOOM. Резултатите се изненадувачки.
DOOM со функција ray tracing изгледа фантастично покрај оригиналната игра, нудејќи сосема нов импресивен изглед, а притоа останува истиот DOOM што веќе го знаеме и сакаме.
Споредувањето на двете верзии на играта, една до друга, ни дава одличен увид во тоа колку DOOM се издвојува со поддршка за ray tracing. Проектот е особено импресивен, бидејќи зад него не стои тим на дивелопери.
Изворниот код и верзијата за репродукција на DOOM со ray tracing се достапни овде.