Следната генерација на безжични слушалки на Samsung во неколку наврати се појави во вестите во текот на изминатите месеци, а сега имаме подобар увид во Galaxy Buds Pro благодарение на апликацијата Galaxy Wearable.

За почеток, Buds Pro слушалките  доаѓаат со активно намалување на бучавата, како и 3D аудио поддршка за видео содржини. Исто така, слушалките ќе можат автоматски да го менуваат Ambient mode ако го детектираат гласот на корисникот, како и да го намалуваат звукот на медиумската содржина што се репродуцира.

3D-аудио функцијата би требало да работи слично како Apple Spatial Audio што го користат AirPods Pro слушалките, со прилагодување на излезот на звук врз основа на движењата на главата на корисникот преку вградениот жироскоп.

Корисниците, исто така, ќе добијат прекинувачи за стандардните профили на звук во рамките на апликацијата, со sa bass boost, clear и treble boost опции. Find My Earbuds е уште една корисна функција, која работи заедно со Samsung SmartThings апликацијата и го олеснува лоцирањето на Buds Pro слушалките .

Конечно, GalaxyClub известува дека Samsung Galaxy Buds Pro слушалките ќе бидат достапни по малопродажна цена од 229 евра во Европа, а ќе пристигнат во црна, сребрена и бела боја.