Во близина на англискиот град Свиндон, на изненадување на археолозите и палеонтолозите, откриени се скелети на 5 мамути од времето на леденото време и тоа добро сочувани.

Во близина на Свиндон, откопани се големите останки на двајца возрасни, две мали и едно бебе мамут кои лутале пред 200.000 години, заедно со алатки што ги користеле неандерталците, кои веројатно ги ловеле овие животни тешки и по 10 тони.

Според The Guardian, се очекува да бидат пронајдени уште остатоци, бидејќи само дел од огромниот локалитет, каменолом за чакал, е ископан, а судејќи според квалитетот на наодите, локалитетот е „рудник за злато“.

Се наведува дека овој изум ќе понуди нови индиции за тоа како нашите предци неандерталци живееле во тешките услови на територијата на денешна Велика Британија за време на леденото време, период од праисторијата за кој малку се знае.

Еволутивниот биолог и професор, Бен Гарод, истакна дека ова е едно од најважните откритија во британската палеонтологија.

Тој исто така посочи дека е многу важно што сега можеме да знаеме како климатските промени се одразиле на животната средина, екосистемите и растителните и животинските видови.

Извор: B92.net