Motorola во септември го претстави Moto E7 Plus, но помалиот „брат“ само што треба да пристигне на пазарот.

Се работи за моделот Moto E7 што наскоро пристигнува на пазарот, а сега се познати и неговите спецификации.

Moto E7 има 6,2-инчен HD+ LCD екран е со формат 19:9 со засек во облик на капка во кој е сместена селфи камерата од 5MP. Одзади е главната камера од 13MP, како и сензор за длабочина од 2MP. Тука се и LED блицот и сензорот за отпечатоци од прсти. Уредот доби 2GB RAM и 32GB интерна меморија проширлива со помош на microSD картичка. Moto E7 го напојува батерија од 3.550 mAh, која се полни преку microUSB кабел.

Смартфонот веројатно ќе чини 122 евра, а засега не е познато кога ќе почне продажбата.