Во 2017 година, Google и понуди на платформата Netflix специјална намалена стапка од 10% од парите заработени од претплатите од апликацијата Андроид, според документите откриени на судењто „Epic vs Google“.
Денес, не можете да се претплатите на Netflix од апликацијата, но тоа не беше секогаш случај – претходно, тие му даваа на Google 15% за да го овозможи тоа, рече потпретседателот на Netflix, Пол Периман во видео изјавата.
Потоа Netflix понуди свој механизам за плаќање, и му понуди на Google да добие 3% наместо претходните 15%, но тоа беше одбиено.
Наместо тоа, Google се обиде да му понуди на Netflix специјална понуда од 10% за доброволно да се префрли на наплата на Google Play.