Vivo ги претстави S10 и S10 Pro во јули и продолжи со S10e во октомври. Компанијата денеска објави дека дополнително ќе ја прошири S линијата со воведување на Vivo S12 – на 22 декември.
Настанот за лансирање ќе започне во 19:30 часот по локално време во Кина, каде што ќе бидеме сведоци и на откривањето на Vivo Watch 2 паметниот часовник – наследникот на Vivo Watch објавen минатиот септември.
Vivo објави тизер на Weibo, кој навестува тројни задни камери и заоблен екран и ја потврдува опцијата за златна боја за S12 серијата.
Овој паметен телефон има рамни рабови и засечен екран, што не потсетува на неодамнешните iPhone модели. Има и три камери на задната страна, со главна леќа од 108 MP. Сепак, ова е веројатно различен паметен телефон бидејќи нема рамен раб што го гледаме на телефонот однапред. Постои можност едниот модел да е стандарден, а другиот да е про варијанта. Претходно протечените слики од Vivo S12 Pro открија заоблен екран и читач за отпечатоци на екранот.
Откривме и дека S12 серијата ќе доаѓа со Dimensity 1200 чипсет, Game Boost Mode и двојна камера од 50 MP на предната страна.
Што се однесува до Vivo Watch 2, компанијата сподели постер кој навестува долго траење на батеријата и независна комуникација, што може да биде најава за еSim поддршка.
Vivo не открива ништо друго за Watch 2, но знаеме како ќе изгледа паметниот часовник, благодарение на протечената слика, која открива и следење на отчукувањата на срцето, педометар и вграден GPS на паметниот часовник.
Бидејќи има нешто повеќе од една недела до лансирањето, можеме да очекуваме да слушнеме повеќе за S12 и Watch 2 пред самото официјалното претставување.