Целосно новиот„пежо e-208 Allure Premium“ е прогласен за Мал електричен автомобил на годината на инаугуративниот What car?, победувајќи голем број ривали за титулата, вклучувајќи ги Honda E и Renault Zoe.

Станува збор за автомобил од новaта генерација на 100% PEUGEOT електрично возило, кој продолжува да освојува награди, носејќи ја наградата „Електричен мал автомобил на годината“. Воедно целосно новите „пежо 208“ и „e-208“ беа прогласени за „Европски автомобил на годината“ претходно оваа година.

Стручното жири на What Car? беше импресионирано од уникатната филозофија на „Пежо“ – „Изберете го вашето ‘пежо’, изберете го вашиот погонски систем“, што им овозможува на купувачите да изберат помеѓу 100% електричен нов е-208 или бензинските и дизел варијантите на новиот 208, без компромис во практичноста, спецификацијата или способноста.

Впечатливиот ентериер на новиот e-208 Allure Trim исто така постигна високо рангирање од страна на судиите на „What Car“. Тие го пофалија новиот ентериер со најновото „пежо 3D i-Cockpit“ за дизајнот и пакетот технологија како и безбедносните карактеристики на возачот.

Еластичната суспензија и практичниот опсег на батеријата во реални услови исто така добија високи оценки.

(ПР текст)