Пет години Magenta 1 – прославата продолжува со промотивен HBO пакет

пред 3 години

Приватните корисници можат да го активираат пакетот преку Telekom MK апликацијата. Во промотивниот период HBO пакетот ќе биде вклучен во месечната претплата По повод јубилејот – пет години Magenta 1, Македонски телеком информира дека продолжува со прославата со промотивен HBO пакет за сите приватни и деловни корисници на MaxTV. Од 4. ноември до 15. јануари, корисниците ќе можат да уживаат во ексклузивните филмски содржини на HBO. „Приватните корисници можат да го активираат пакетот преку Telekom MK апликацијата , а деловните преку IPTV платформата и бесплатниот телефонски број 142 558. Во промотивниот период HBO пакетот ќе биде вклучен во месечната претплата“, соопштија од компанијата. Освен HBO пакетот, корисниците можат да активираат и 10GB мобилен интернет кој е еднократен и достапен за сите приватни постпејд корисници, како и за деловните корисници на Magenta 1 Business и Business тарифните модели. Промотивниот мобилен интернет се активира само преку TelekomMK апликацијата, со цена од еден денар и може да се искористи 30 дена по активирањето. Промоцијата трае ограничен период. „Пет години сме поврзани, споделувавме и уживавме заедно во придобивките на пакетот кој ги обединува сите Телеком услуги, на едно место и во една сметка, за целото семејство и за сите бизнис потреби. Низ перспектива од пет години ја подобрувавме и ја прилагодивме понудата на новото дигитално време и Magenta 1 сега е најдобрата понуда на интегрирани услуги на пазарот“, соопштија од Македонски телеком.

Share
Scroll to Top