На Светскиот економски форум (WEF), беа издвоени пет технологии со кои ќе се промени начинот на светската трговија.

Пред сè, тоа се 3D принтерите кои посебно беа корисни во текот на пандемијата на коронавирусот, кога беше прекинат глобалниот синџир на снабдување. Помеѓу останатото, тие се користеа за производство на заштитна опрема и тестови за вирусот.

„Интернетот на нештата” (Internet of things) или мрежата на различни предмети поврзани со интернет, а која може да се користи за различни цели. На пример, кога е загрозен транспортот, може да се користи за проценка колку пратки ќе доцнат или за управување со робата во магацините.

Автономните роботи веројатно ќе го променат револуционерно товарањето и растоварањето на пристаништата. Моментално само 3% од терминалите за стоки ширум светот се автоматизирани.

За промената на начинот на кој се одвива трговијата ќе придонесе и 5G мрежата, која комуникацијата ќе ја направи побрза и поедноставна. Ќе овозможи управување со процесите и извршување на различни работи и активности на дистанца во реално време.

Блокчејн технологијата ќе ги модернизира процесите на царината и процесот на сертификација. Ова ќе се одрази и на осигурувањето, интелектуалната сопственост и можноста за следење на текот на испорака на производите и услугите.

Споменатите технологии се дел од четвртата индустриска револуција, но ќе мораат да се применат многу внимателно. Тоа значи дека ќе мораат да се воведуваат постепено, а при тоа да бидат употребливи за сите компании, укажаа од WEF.

Извор: Klix.ba