Аналитичарот Минг-Чи Куо објави ран извештај, кој ни дава увид во резултатите од претпродажбата на новата серија на iPhone 14.
Побарувачката за моделот iPhone 14 Pro Max ги надмина резултатите што ги постигна 13 Pro Max минатата година и доби „добра“ оцена. Моделот iPhone 14 Pro доби „неутрална“ оцена (иста побарувачка како и минатогодишниот 13 Pro).
Останатите два модели добија „лоша“ оцена. Севкупно, iPhone 14 и iPhone 14 Plus сочинуваат околу 45 проценти од испораките од серијата iPhone 14.
Интересно е што, според анализата на Минг-Чи Куо, побарувачката за новиот модел iPhone 14 Plus е уште послаба од онаа на iPhone 13 mini минатата година. Производството на истиот мини модел беше прекинато поради малата побарувачка.
Доколку продолжи слабата побарувачка за двата стандардни iPhone-и, се очекува Apple да го намали производството во наредните недели.
Се вели дека овие проценки на аналитичарите се засноваат на времетраењето од нарачката до испораката на неколку големи пазари. Тоа се шест недели за Pro Max, пет за Pro, со преостанатите два модели на залиха од првиот ден.
Кога станува збор за моделите Pro, Куо истакнува: „Без сомнение, резултатите од преднарачките за моделите Pro повторно докажуваат дека Apple сè уште има голем број лојални корисници, и покрај падот на економијата, но тоа не значи дека Apple веднаш ќе ја зголеми испораката на моделите Pro“.