Според тврдења на научниците, површината на Меркур би можела да биде прекриена со дијаманти.

Меркур е најблиската планета до Сонцето, а воедно и најинтригантна во Соларниот систем. Во споредба со Месечината и со Марс, за Меркур и неговото опкружување се знае многу малку.

Кората на Меркур е главно формирана од графит, чиста форма на јаглерод која може да се претвори во дијамант по удар од астероид. Планетата е полна кратери поради метеори и комети кои ја погодиле во минатото, но сега ново научно истражување носи и нови теории. Една од нив е дека кората на Меркур би можела да содржи 16 милијарди тони дијаманти.

„Бранот на притисок кој се создава со удар од астероид или комета со брзина од неколку десетина километри во секунда би можела да го трансформира графитот во дијаманти. Во близина на површината би можело да се наоѓа значајна количина дијаманти“, изјави геологот Кевин Кенон.

Тој објаснува дека тие веројатно не се ни слични како скапоцените камења кои ги сечеме и користиме за накит.

„Подобра споредба се малите дијаманти кои се користат во индустријата како абразивен материјал. Веројатно тоа е неуредна мешавина со графит и други форми на јаглерод“, додава научникот.

Како што е познато, луѓето уште немаат стигнато до Меркур. Голема надеж за научниците претставува мисијата BepiColombo зад која стојат Европската вселенска агенција и Јапонската вселенска агенција, а чија цел е да се истражува оваа планета.

Извор: Klix.ba